Igor Idze Stefanovski
Благодарност до сите што бевте дел од премиерата на документарниот филм “ТРИ ТИТУЛИ” која се одржа во @cineplexx_mk ,поддржано од @skopjecitymall снимен во целосна продукција на @division.mk за платформата @gley.mk за историскиот успех и освојување на моите три европски титули🙏
Драги пријатели, ова не е само моја приказна – ова е победа на Македонија! Три европски титули, трипати освојување на врвот на Европа! Ова е успех кој ќе остане запаметен, не само на тркачките патеки, туку и во историјата на нашата земја.
Ви благодарам од срце што дојдовте да го споделиме овој момент. Ви благодарам на сите кои стоевте зад мене, кои верувавте во мене и кои помогнавте да се исполни сонот на еден Македонец на европските тркачки патеки.
Ова е наша заедничка победа – Македонија трипати европски шампион! 🇲🇰❤️
